„Империјал тобако“ со инвестиција од 23 милиони евра

Bez autora
Apr 18 2012

Тутунската компанија „Империјал тобако“ инвестира 23 милиони евра во нивната фабрика во земјава, Тутунски комбинат Скопје. Со тоа вложување компанијата годинава ќе го одбележи десетгодишното присуство на македонскиот пазар. Во „Империјал Тобако ТКС“ каде што се вработени 320 лица, компанијата ќе инвестира во нови машини за изработка и пакување цигари, со што ќе биде една од најмодерните фабрики во регионот. Покрај комплетниот редизајн на фабриката, ќе биде набавена и нова опрема за следење на производот. Cо оваа инвестиција производството ќе се зголеми од 6 милијарди цигари на 10 милијарди. Досега три милијарди цигари се продавале на македонскиот пазар, а останатите се извезуваат во балканските земји. Oваа тутунска компанија, чии пазарен удел е 70 проценти, е еден од десетте најголеми даночни обврзници во земјава и е во групата 15 најголеми извозници.

„Империјал тобако“ со инвестиција од 23 милиони евраТутунската компанија „Империјал тобако“ инвестира 23 милиони евра во нивната фабрика во земјава, Тутунски комбинат Скопје.

Со тоа вложување компанијата годинава ќе го одбележи десетгодишното присуство на македонскиот пазар.

Во „Империјал Тобако ТКС“ каде што се вработени 320 лица, компанијата ќе инвестира во нови машини за изработка и пакување цигари, со што ќе биде една од најмодерните фабрики во регионот. Покрај комплетниот редизајн на фабриката, ќе биде набавена и нова опрема за следење на производот.

Генералниот директор Ричард Парат вчера соопшти дека со оваа инвестиција производството ќе се зголеми од 6 милијарди цигари на 10 милијарди. Досега три милијарди цигари се продавале на македонскиот пазар, а останатите се извезуваат во балканските земји.

Според Парат, оваа тутунска компанија, чии пазарен удел е 70 проценти, е еден од десетте најголеми даночни обврзници во земјава и е во групата 15 најголеми извозници. ТКС откупува повеќе од 3.000 тони македонски тутун годишно, а само во 2011 година е откупен тутун во вредност од 12 милиони американски долари.

„Го употребуваме македонскиот тутун за производство секаде во светот, но не можете да направите целосна цигара од овој тутун. Најверојатно откупот на тутун ќе биде зголемен за околу 10 проценти“, рече Парат. Околу 55 проценти или 4 милијарди цигари од фамилијата на произведените девет бренда во Македонија, се извезуваат во седум земји во регионот и тоа Словенија, Србија, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Црна Гора.

На прашањето дали „Империјал тобако“ е заинтересиран за влез во Прилепскиот тутунски комбинат, генералниот директор Парат оцени дека компанијата нема потреба од уште еден производствен капацитет во Македонија. Тој го поздрави и потпишаниот договор со Кина за извоз на тутун.

Во Македонија, според статистичките податоци, 40 проценти од населението се пушачи, но тој процент, согласно со анализите, постојано се намалува.

Оваа четврта најголема тутунска компанија во светот има 55 фабрики, 38 илјади вработени лица, како и сопствени брендови во повеќе од 170 земји. Присутна е на берзите во Лондон, Њујорк, Франција и во Шпанија.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik